• Да оствари и одржи соработката со домашни и меѓународни здруженија и асоцијации од областа на хирургијата на шаката и горниот екстремитет;
  • Да организира конгреси, научни состаноци, симпозиуми, советувања, курсеви и други видови на едукација од областа на хирургијата на шаката и горниот екстремитет;
  • Да учествува во подготовките и донесувањето на доктринарни ставови од областа на хирургијата на шаката и горниот екстремитет во согласност со постоечките Водичи базирани на докази од Федерацијата на европски здруженија за хирургија на раката и Американското здружение за хирургија на раката;
  • Да учествува во изработка на национална програма за долготрајна превенција и намалување на појавата на повредите и болестите на шаката и горниот екстремитет;
  • Да учествува во изработка и остварување на наставните планови и програми за постдипломските студии, постдиполомското усовршување и специјализациите и субспецијализациите од областа на хирургијата на раката на подрачјето на Р.С.Македонија;
  • Да соработува со стопански организации, индустријата и индивидуалните граѓани во истражувањето, креирањето и продукцијата на медицински апарати, помагала, лекови и други средства за заштита и лекување на болестите на шаката и горниот екстремитет;
  • Да дава предлози за стручно усовршување, учество на симпозиуми и конгреси и други стручни состаноци во земјата и странство;
  • Да издава научни и стручни публикации;
  • Да доделува признанија и награди на свои членови и други заслужни стручни лица и граѓани;
  • Да учествува во развојот, усовршувањето и негувањето на лекарската етика;
  • Во остварувањето на горенаведените задачи Здружението треба да одржува постојани контакти со своите членови, да прима и разработува предлози и сугестии, донесува заклучоци и истите ги упатува до надлежните институции и организации во земјата и странство;
  • Извршува и други задачи во согласност со Статутот и други правни акти на Здружението.
TEXT_SHARE

 

Контакт

  •  

    Ул. 11 Октомври бр.53, Скопје

  •  

    Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…