Здружението за хирургија на рака на РС Македонија организираше онлајн стручен состанок (вебинар) на ден 12.12.2020 година на тема: ,,Новитети во хирургијата на горниот екстремитет”. На овој состанок имаше регистрирано над 500 учесници. Состанокот беше акредитиран од Лекарската комора на Македонија.
Презентации и предавачи:
1. ,,Wide - awake hand surgery” – хирургија на раката на буден пациент Науч.сор. д-р Катерина Касапинова ЈЗУ УК за хируршки болести ,,Св.Наум Охридски” - Скопје
2. Артроскопски оперативен третман на повредите на скафо-лунатниот лигамент Проф.д-р Виктор Камилоски ЈЗУ УК за хируршки болести ,,Св.Наум Охридски” – Скопје
3. Важноста на раното препознавање на компартмент синдромот на подлактицата после трансрадијален пристап за перкутани коронарни интервенции Асс.д-р Софија Пејкова ЈЗУ УК за пластична и реконструктивна хирургија, Скопје
4. Спасувачка реконструкција на конквасирана подлактица и шака, приказ на случај Асс.д-р Бисера Николовска ЈЗУ УК за пластична и реконструктивна хирургија, Скопје
5. Реверзна тотална артропластика на рамо – концепт во развој Д-р Ненад Петков ЈЗУ ГОБ ,,8ми Септември”, Скопје