Здружението за хирургија на рака на РС Македонија организираше онлајн стручен состанок (вебинар) на ден 12.12.2020 година на тема: ,,Новитети во хирургијата на горниот екстремитет”. На овој состанок имаше регистрирано над 500 учесници. Состанокот беше акредитиран од Лекарската комора на Македонија.

Второто Собрание на Здружението за ХИРУРГИЈА НА РАКА се одржа на ден 14.12.2020 година. На собранието како почесен гостин присуствуваше и Генералниот секретар на FESSH, Dr.Daniel Herren (Швајцарија), како и г-ѓа Andrea Gotz, менаџер на FESSH.

Почитувани членови и колеги! Со големо задоволство сакаме да ви соопштиме дека Македонското здружение за хирургија на раката стана полноправен член на Европската федерација на здруженија за хирургија на шаката (FESSH).

Од 6 пријавени, шест прифатени трудови за презентација на Конгресот на Федерацијата на европски здруженија на хирургија на шака. Трудовите се на Науч.сор. д-р Катерина Касапинова Dr.Sci, Д-р сци. мед. Софија Пејкова,  Ас.Д-р Бисера Николовска, Д-р Гордана Георгиева, Д-р Томислав Јованоски, Ас.Д-р Владимир Гиноски.

Седница на Собранието на здружението, избрани Органите на здружението.

25тиот Конгрес на Федерацијата на европски здруженија за хирургија на раката FESSH ќе се одржи во Базел, Швајцарија од 3-6 јуни 2020 година.

Основачко собрание на здружението одржано на 09.10.2019 година

 

Контакт

  •  

    Ул. 11 Октомври бр.53, Скопје

  •  

    Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…