КАТЕГОРИИ НА ЧЛЕНСТВО
Член на Здружението може да биде доктор на медицина, независно од неговата возраст, кој доброволно ќе пристапи и кој ќе ги прифати и поддржи целите на здружението утврдени со статутот на Здужението, кој ќе се придржува на одредбите, принципите на етиката и правилата и регулативите кои ќе ги донесува Здржението. Зачленувањето се врши со пополнување и потпишување на пристапница.
Членството на здружението се дели на следните категории:
- Активни членови:
- лиценцирани специјалисти (лиценца издадена од Лекарската комора на РСМ) и тоа специјалист по општа хирургија, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија, специјалист по трауматологија или специјалист по ортопедија со посебен интерес кон хирургијата на шаката или горниот екстремитет или магистри или доктори на медицински науки од областа на хирургијата на шаката и горниот екстремитет.
- Млади членови
- лиценцирани доктори на медицина (лиценца издадена од Лекарската комора на РСМ) со посебен интерес кон хирургијата на шаката или горниот екстремитет.
- Придружни членови
- не практикуваат директно хирургија на раката, но придонесуваат во разбирањето и третманот на нарушувањата на горниот екстремитет (на пр. специјалист по физикална терапија, физиотерапевт, виша медицинска сестра)
- член на некоја специјалистичка секција или дисциплина тесно поврзана со хирургијата на раката;
- соработуваат со хирурзите на проблеми на здравствената заштита или учествуваат во технолошкиот процес на дијагностика, лекување и користење на опрема од областа на хирургијата на раката.
4.Почесни членови
– почесно членство може да му се даде на секое лице за кое Здржението смета дека е достојно за посебна чест. Може да биде лице од земјата или странство, од групата на високо афирмирани научни, стручни или други јавни работници, ако имаат особени заслуги за практикувањето и напредокот на хирургијата на раката.
- почесните членови се избираат на седница на Собранието на предлог на Претседателството на Здружението. На почесните членови им се доделуваат Дипломи. На почесниот член му престанува членството со смртта или, кога со својата работа и активност им штети на интересите на Здружението.
Членовите на здружението кои не се активни членови ги имаат сите права како и активните ченови, освен во учество на избор и некои организациони прашања.
Висината на месечната членарина за активните членови на здружението е 200 денари, а за младите членови 100 денари.